Пандев: Криво ми е за луѓето кои дојдоа тука, ние дадовме максимум, но не беше доволно

300

Македонскиот нациоанален тим е поразен на првиот меч од ЕУРО 2020 година од Австрија со 3:1. Веднаш по мечот капитенот Горан Пандев за УЕФА ги искажа импресиите:

„Знаевме дека Австрија ќе притисне во вториот дел, физички се помоќни, имаат подобра клупа. Знаевме дека ако издржиме првите 15-20 минути, ќе имаме шанси од некој против напад. Не искористивме некои ситуации, а потоа примивме два брзи голови, и го загубивме мечот. Не чека уште еден тежок меч против Украина, но треба да го одиграме отворено, да одиме на победа, нема што да загубиме“, изјави Пандев кој се заблагодари на поддршката.

„Најмногу ми е криво за овие луѓе кои дојдоа тука. Им благодарам од срце, а ние го дадовме максимумот, но и тоа не беше доволно“, смета Пандев.

ПретходноПроклета Австрија: Имавме бод но не и сили за добар финиш
СледноБарди: Да се одмориме, да си ги видиме слабите точки и да се спремиме за Украина