Прекрасен гест на УЕФА, го прогласи Ериксен за играч на мечот

877

Кристијан Ериксен се сруши на терен во 43. минута на дуелот меѓу Данска и Финска во Копенхаген. Данскиот репрезентативец падна на теренот, лекарскиот тим 15. минути се обидуваше да го врати во живот, на крајот во свесна состојба го напушти теренот и беше пренесен во болница.

Мечот беше прекинат, истиот продолжи да се игра во 20:30 часот, а Финска победи со 1-0.

УЕФА по завршување на оваа средба за играч на мечот го прогласи токму Ериксен, тој ја доби најбитната битка во неговиот живот.

„Фудбалот е убава игра и Кристијан убаво игра“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

УЕФА пак додаде:

„Ѕвезда на вечерашниот меч е Кристијан Ериксен, му посакуваме брзо опоравување“.

ПретходноМакедонија ќе го руши „фудбалското проклетство“ во Букурешт!
СледноПрилеп гори за Македонија: Одиме на победа (ВИДЕО)