Кирил Лазаров денеска најверојатно го одигра последниот меч во својата кариера во Лигата на шампиони. Предводникот на македонската ракометна репрезентација и капитен, и следната сезона ќе биде на терените, но неговиот тим Нант, не избори место во најелитното европско клупско натпреварување. Во францускиот шампионат, тимот на Кире заврши на третото место, па доколку не добие вајлд-карта нема да го гледаме во ЛШ.
Во битката за третото место, Нант загуби од ПСЖ, а Кире постигна еден, ама вреден гол. ЕХФ го измери, истиот беше со брзина од 101 км на час.
WATCH: @LazarovKiril7 shows his experience to equalise for @HBCNantes 👑#ehffinal4 #showtimeforehffinal4 pic.twitter.com/z97EpvPsRP
— EHF Champions League (@ehfcl) June 13, 2021