Проклета Австрија: Имавме бод но не и сили за добар финиш

227

Пораз од Австрија со 3:1 на нашето деби на ЕП. Штета, се можеше да биде поинаку, но кобни беа тие последни десетина минути од овој меч кој се играше во “Македонскиот“ Букурешт. Имавме добар резултат, имавме 1:1 до таа 78,.минута, но потоа следуваа по еден гол на Грегорич и Арнаутовиќ за наш пораз.

Секако да го споменеме историскиот гол на Горан Пандев, во таа 28.минута за 1:1, инаку негов 38-ми во националниот дрес.

Велиме “Македонскиот“ Букурешт зошто Македонија попладнево беше бодрена од 5.000 фанови.

Проклети Австријци зошто на трите меча забележаа и трет пат по ред во последните две години.

Сепак наме разочарување, одиме на Украина, а потоа и на Холандија.

Напред момци…

ЛАЈНЕР ЗА ВОДСТВО, ПАНДЕВ ИЗРАМНИ ЗА ИСТОРИЈА

Почнавме добро, добро бевме поставени со нагласена желба за борба на теренот. Во тој почетен период Австрија тешко се снаоѓаше а ние бевме тие што доминираа. Но како што одминуваше времето противникот беше се подобар. И во тој период дојде голот за Австрија. Се играше 18.минута кога Забицер нафрли пред напиот гол а тука Лајнер прекрасно се снајде и со полуволеј удаа ја заби топката во нашата мрежа за водство. Само три – четири минути подоцна Калајџиќ имаше зицер, но Димитриевски фантастилно одбрани.

Тоа како да им даде крилја на нашите момци кои бодрени од околу 4.000-5.000 Македонци на Арената во Букурешт тргнаа силовито. Тоа вроди со плод во 28.минута кога кардиналната грешка на потесната одбрана на Австрија не успеа да ја спаси голманот Бахман, тука беше и Трајковски, но сепак Пандев го претвори подарокот во историски гол за Македонија, за 1:1. Прв гол на ЕП за Македонија и 38-ми за Гранде Пандев.

СУПЕР ШАНСА ЗА НИКОЛОВ…

Вториот дел го стартувавне борбено, агресивно, без пардон. Во првите минути од тој период покажвме спортска дрскост, се обидувавме да искористиме уште некоја грешка на ривалот, но такво нешто во првите минути немаше.

Сепак по додавање на Барди, Николов имаше супер шанса во 62.минута, излезе очи во очи со Бахман, но не успеа. Само две минути Димитриевски маестрално го спаси својот гол по шутот на нововлезениот Арнаутовиќ, добро е. Измени во нашите редови, влегоа Костадинов и Бејтулаи, искочија Трајковски и Николов.

Во тие моменти контрите како да ни беа главното оружје, тука бевме, на момент од шанса, но Австријците не даваа премногу простор, и почна да ги фаќа нервоза. Ние бевме мирни и агресивни.

ШТЕТА, АЛАБА ЦЕНТРИРА А ГРЕГОРИЧ ЗА 2:1

Сепак гол за Австрија и ново водство. И тоа во најнезгоден момент, во таа 78. минута. Алаба од лево центрираше а Грегорич за дел од секундата беше побрз од нашиот голман и од само неколку метри непречен од никого успеа да стрела во нашата мрежа за 2:1 за Австрија. Сепак и покрај голот не престануваше поддршката од трибините, од тие речиси 5.000 наши фанови, цело време ги бодреа нашите момци, и кога им беше најтешко.

Сепак тоа беше се, Арнаутовиќ во таа 90.минута погоди за конечни 3:1, за пораз на нашето деби на големите натпреварување.

АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:1 (1:1)

Национална Арена во Букурешт. Судија: Андреас Екберг (Шведска).
Стрелци: Лајнер 18., Грегорич 78., Арнаутовиќ 90. (АВС), Пандев 28. (МАК).
Ж. Картони: Лајнер (АВС),Трајковски, Алиоски (МАК).

АВСТРИЈА: Бахман, Алаба, Баумгартнер (58.Грегорич), Драговиќ (46. Линхарт), Хинтерегер, Калајџиќ (59. Арнаутовиќ), Лајмер (90. Баумгартлингер), Лајнер, Забицер, Шлагер (90. Илсанкер), Улмер.

Селектор: Фаранко Фода.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Велковски, Муслиу (86. М. Ристовски), Николов (63. Бејтулаи), Адеми, Барди (82. Тричковски), Алиоски, Елмас,Трајковски (63. Костадинов), Пандев.

Селектор: Игор Ангеловски.

ПретходноАвстрија повторно поведе: Грегорич му го посвети голот на Ериксен (ВИДЕО)
СледноПандев: Криво ми е за луѓето кои дојдоа тука, ние дадовме максимум, но не беше доволно