Она што се најавуваше во текот на изминатите денови се чини дека се остварува. Во стартниот состав на нашата репрезентација за мечот со Австрија, во нападот ќе бидат Пандев и Трајковски. Формацијата е 3-5-2, тоа е истиот состав кој го започна мечот со Словенија пред неколку дена во Скопје само со мала измена. Барди влегува во средниот ред, Николов оди десно, а Стефан Ристовски на стоперската линија. Го нема Бејтулаи.
Тоа значи дека со Австрија почнуваме со Димитриевски на голот, на стоперската линија се Ристовски, Велковски и Муслиу. Десно во средниот ред ќе биде Николов, лево Алиоски, а во линијата за врска како што веќе кажавме, Елмас, Адеми и Барди. И во нападот се разбира Пандев и Трајковски.