Одамна се знае дека трибините на Арената во Букурешт, и тоа поради пандемијата со Ковид-19, нема да бидат целосно исполнети на денешниот меч меѓу Македонија и Австрија. Но ќе има доволно наши фанови за да им дадат поддршка на нашите херои. Тие синоќа и денеска се хит низ улиците на Букурешт.
Се чини дека домашните фанови, Романците, кои ќе дојдат на Арената да го проследат овој натпревар ќе навиваат за Македонија. И имаат и зошто.
Поради нивната фудбалска икона Георге Хаџи, тенисерката Симона Халеп, познатиот менаџер и газда на Стеауа, Џиџи Бекали…сите овие познати фаци во Романија водат потекло од нашата земја, потекло од нашата влашка заедница.
Е, па, домаќини, покажете се… и напред Македонијо.