Сите голови му ги посветувам на Господ!

792

Поминаа 20 години од првиот наспат на Горан Пандев за Македонија. Две децении во дресот на својата земја со рекорден број на настапи (119) и голови (37).

Постигна Пандев многу голови за репрезентацијата и за клубовите за кои играше. А од неговиот првенец во 2002 година на 21 август против Малта и оној последниот и легендарен против Германија и големата победа иста слика. Тресе мајсторот и веднаш со главата гледа кон небото а двете раце се дигнати нагоре. Кому Пандев му ги посветува головите!?

Оваа мистерија ја открива за СПОРТМЕДИА неколку часа пред новата историја и премиерниот дуел на ЕП.

„Начинот на кој славвам кажува се. Сите голови до сега прво му ги посветувам на Господ, затоа по секој гол гледам нагоре со кренати раце..Верувам дека не само јас туку и репрезентацијата во последниве неколку години ја имаме поддршката од бога. Ќе ни треба и денеска“.

Горан Пандев е најголемото фудбалски име кое го има Македонија. Тој е главниот виновник поради кој цела Македонија, посебно денеска е на нозе и со погледите кон Букурешт. Пукај мајсторе и денеска па што сака нека биде!

ПретходноГеоргиевски за „Спортмедиа“: Ќе има добра атмосфера, сите во Букурешт ќе навиваат за Македонија!
СледноЧоко легендо, со дресот од Крањ стигна во Букурешт (ФОТО)