Украина магично се врати по 0:2, па Думфрис погоди за победа на Холандија (видео)

357

Репрезентацијата на Холандија со триумф го стартуваше Европското првенство. „Лалињата“ славеа вечерва против Украина со 3:2 на „Јохан Кројф“ арена во Амстердам. Сите пет гола паднаа во второто полувреме.

Резултатот го отвори „Џини“ Вајналдум во 52. минута, а го удвои Вегхорст седум минути подоцна. Се чинеше дека ова ќе биде „лесна“ победа на Холанѓаните, но Украинците магично се кренаа. Прво Јармоленко со фантастичен гол ја намали негативата, а веднаш потоа Јаремчук го совлада Стекеленбург израмнувајќи го резултатот.

Сепак, домашните успеаа да се соземат и во 85 минута на асистенција на Аке со глава погоди десниот бек Думфрис за конечни 3:2.

Во четврток Украина ќе се соочи со Македонија, додека Холандија ќе игра со Австрија.

ФОТО: Официјален профил ЕУРО 2020 на Твитер

ПретходноОд него мора да се пазиме – Јармоленко постигна прекрасен гол со Холандија (видео)
СледноШпанка возела со фрактура на ‘рбетниот столб и победила на релито во Казахстан!?