Фода има главоболки: „Не знам дали Арнаутовиќ е подготвен за 90 минути“

278

Селекторот на фудбалската репрезентација на Австрија, Франко Фода, отворено пред денешниот дуел со Македонија вели дека не е сигурен дали воопшто е го почне мечот со првата напаѓачка ѕвезда, Марко Арнаутовиќ.  Тој посочи дека Арнаутовиќ може да започне на клупата на премиерата попладнево во Букурешт.

„На крајот на краиштата, морам да донесам одлука дали Марко е подготвен за 90 минути или не“, рече Германецот на последната прес-конференција.

Арнаутовиќ се врати на тренинг пред само една недела, откако пред еден месец се здоби со повреда на мускулот на бутот. На генералната проба против Словачка (0-0), 32-годишниот голгетер беше на теренот скоро 30 минути.

„Морам да донесам одлука дали ни одговара тој да тргне одод самиот почеток или да влезе подоцна од клупа“, рече Фода за ситуацијата во Арнаутовиќ.

Варијанта за замена на Арнаутовиќ е Калајџиќ.

ПретходноПрилеп гори за Македонија: Одиме на победа (ВИДЕО)
СледноДемантирани гласините дека Ериксен колабирал поради примена вакцина!