Дарко Чурлинов и Саша Калајџиќ, се најдоа во тимот полн со таленти кои ќе настапат на ова ЕУРО. И двајцата играат за Штутгарт, под палката на Свен Мислинтат, кој што откри многу таленти во минатото и во Борусија Дортмунд (Левандовски, Кагава, Геце, Хумелс…).
Калајџиќ е роден во Виена, а има потекло од Србија. Преку Адмира Вакер, стигна до Штутгарт, и добро му оди. За него има интерес од неколку поголеми клубови, а Борусија Дортмунд го гледа како замена за Халанд во иднина. Има 23 години. За австрискиот национален тим одиграл седум меча и постигнал три гола.
Чурлинов во Штутгарт дојде од Келн, а претходно играше во младинските екипи на неколку македонски тимови меѓу кои и Вардар и Работнички. Чурлинов има 20 години. За селекцијата на Македонија има одиграно три меча и постигнато еден гол.
Се надеваме дека и двајцата ќе бидат на теренот и ќе се „судрат“ меѓусебно.