На денешниот дуел со Австрија, ние ќе имаме шведска арбитража. Главен судија ќе биде Андреас Екберг, додека негови помошници се Мехмет Кулум и Стефан Халберг. Во ВАР собата ќе бидат судии од Германија, Англија и Франција.
Екберг има 36 години, со знакот на ФИФА е од 2013 година. Досега Швеѓанецот бил судија на две меча кога играла нашата најдобра репрезентација, и на двата немаме пораз. Во септември 2917 година на дуелот Македонија – Албанија, кој заврши 1:1, тој беше четврти судија. Две години подоцна, сито во септември, на гостувањето во Израел исто резултатот беше 1:1. На тој меч во Бер Шева, на Екберг исто помошници му беа Кулум и Халберг.
Значи со Екберг како судија, Македонија не знае за пораз.