Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос и стигна до 19-тата Грен слем титула

821

Српскиот ас Новак Ѓоковиќ е освојувач на Ролан Гарос откако во драматично финале го совлада Стефанос Циципас. Драматичен е затоа што Новак губеше со 0:2 по сетови, а потоа успеа да го сврти резултатот во своја корист и да победи.

Циципас го доби првиот сет во тај-брејк, вториот лесно со 2:6, но потоа загриза Ѓоковиќ. Следуваа три добри сета 6:3, 6:2 и 6:4 и со тоа го доби и мечот.

За Новак ова е 19-та Грен слем титула во кариерата, а втора на Ролан Гарос по онаа во 2016 година.

ПретходноБарселона после шест години одново на европскиот трон
СледноАвстрија повторно поведе: Грегорич му го посвети голот на Ериксен (ВИДЕО)