Кирил Лазаров и Нант не успеаја да дојдат до бронзата во Лигата на шампионите. Одиграа одличен меч против ПСЖ, но во важните моменти не искористи три шанси за целосен пресврт.
За најдобриот македонски ракометар ова беше најверојатно последен меч во Лигата на шампионите. Нант во француското првенство заврши на третото место, кое не носи место во елитното натпреварување. Само со вајлд-карта би можел да биде дел од ЛШ.
Лазаров е историја во Лигата на шампионите, дефинитивно легенда. Тој го одигра седмиот фајнл-фор, со над 1.479 гола е рекордер по бројот на погодоци. Кире ќе влезе во историјата и како прв селектор на еден национален тим кој учествувал како играч и се запишал во листата на стрелци.
На турнирот во Келн, Лазаров досега трипати играше во дресот на Барселона и по еднаш за Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и со Нант двапати. Во сезоната 2014/2015 тој стана европски првак со Барселона