ЕУРО 2020 Австрија – Македонија: Напред момци, одиме на победа!

132

Денеска се пишува историјата. Денеска Македонија го има своето деби на едно големо натпреварување. Конечно и ние дочекавме да ја видиме нашата земја во фудбалската елита.

Се е кажано, се е анализирано. Знаеме што и колку може Австрија, знаеме уште повеќе што и колку може Македонија.

Да, противникот е фаворит на хартија, има предност, има искуство од играње на вакви турнири.

Но стотината пати е кажано, оваа Македонија е победничка Македонија. Овие момци знаат како се победува, немаат никаков комплекс.

Не натераа да уживаме во последно време во нивните игри, настапи, голови, победи.

Така нека и биде и сега.

Напред Македонијо, одиме на победа.

Горан и другарите изодеа долг пат да дојдат до тука, до Букурешт и да ја претстават Македонија во вистинско светло.

Веруваме во нив, во нивните квалитети.

Веруваме во победа.

Ајде момци МАКЕДОНЦИ…ОДИМЕ НА ПОБЕДА…

МАКЕДОНИЈА Е СО ВАС…

ПретходноДали Лазаров го одигра последниот меч во Лигата на шампиони?
СледноГосподе биди со нас – и отец Пимен пристигна во Букурешт!