Нека им продолжи сушата: Австрија не дала гол 316 минути, а на ЕП се уште ја сонува првата победа

171

Денешниот прв противник на македонската фудбалска репрезентација, селекцијата на Австрија, влезе во кризен период во кој особено проблем имаат стрелците. Австријците на ова Еуро 2020 допатуваа со неславна статистика.

Имено, четата на Франко Фода не успеа да постигне гол на ниту еден од последните три меча кои ги одигра како вовед на ова Европско првество. Згора на тоа, цело едно полувреме беа без гол и на мечот со Фарските острови, каде славеа со 3:1, но сите голови ги постигнаа во првите 45. минути од мечот.

Интересен факт е и тоа што Австрија не знае за победа на европските првенства. Ова е трето нивно учество на евро-шампионатите, а на претходните две имаа само две ремија и дури 4 порази.

ПретходноПротив Австрија со Пандев и Алекс во нападот… Елмас, Барди, Адеми во средниот ред!
СледноЧурлинов против Калајџиќ – талентите на Штутгарт денеска еден контра друг!