Англискиот офанзивец Џуд Белингам стана најмладиот фудбалер кој заиграл на Европско првенство. Играчот на Борусија Дортмунд влезе како резерва во 82. минута на двобојот против Хрватска кој „Гордиот Албион“ го доби со 1:0. Белингам го замени капитенот Хари Кејн.
Белингам има 17 години и 349 дена па со тоа го урна рекордот на Холанѓанецот Џетро Вилемс кој имаше 18 години и 71 ден кога дебитираше на ЕП 2012. Претходно тој рекорд го држеше Белгиецот Енцо Шифо од 1984 година.