Стерлинг „скоцка“ победа на Англија (ВИДЕО)

100

Англија на отворањето на Европското првенство освои три бода во дуелот со Хрватска, во дербито на групата „Д“ денеска одиграно на Вембли.

Англија одлично го почна мечот, имаше и статива преку Фоден, меѓутоа потоа Хрватска воспостави рамнотежа. Не гледавме интересен меч, ама еден потег го реши победникот, и тоа оној на Стерлинг во 57. минута. Се ослободи добро, доби топка, и го совлада Ливаковиќ.

Хрватска како да дојде да одигра да не загуби, и не успеа во тоа. Не дека Англичаните одиграа којзнае како доминантно, но трите бода се освоени.

 

ПретходноЛазаров и Нант поразени од ПСЖ во мечот за бронзата
СледноДали Лазаров го одигра последниот меч во Лигата на шампиони?