Црвено светло во португалската репрезентација. Селекторот Фернандо Сантос мораше да направи рокада во составот поради заразен фудбалер со КОВИД-19. Играчот на Манчестер Сити Жоан Кансело нема да може да помогне на Европското првенство поради позитивен тест на КОВИД-19.
Според протоколот на УЕФА може да се направи измена во составот пред почетокот на првиот меч на ЕУРО. Потоа не смее. Дури не смее Кансело да се врати во националниот тим доколку наредниот тест му е негативен.
Затоа Сантос го изостави Кансело, а на негово место го повика Диого Далот, фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој минатата сезона играше како позајмен во Милан. Кансело е првотимец, а неговото отсуство донекаде ќе ги поремети тактичките планови на селекторот.
Португалците првиот меч на ЕУРО го игра со Унгарија во вторник, а потоа им следуваат тешките дуели со Германија и Франција.