Ериксен до соиграчите: Изгледате полошо од мене, можам сега да почнам да тренирам

1612

Данскиот репрезентативец Кристијан  Ериксен е добро. Неговата здравствена ситуација е добра, и светската јавност може да здивне. Шокот кој го приреди данскиот репрезентативец кога колабираше на мечот против Финска и за малку не почина полека стивнува, откако пристигнуваа се поохрабрувачки вести за неговата состојба.

Данскиот селектор КАспер Хјумланд во последната своја изјава рече дека соиграчите од репрезентацијата веќе комуницирале со Ериксен преку видео повик и дека тој изгледал сосема добро.

„Изгледам подобро од вас, и можам веднаш да почнам да тренирам“ – им рекол Ериксен на остатокот од репрезентативците, нормално на шега.

„Вели дека воопшто не се сеќава на моментот кога колабираше. Кристијан е одличен фудбалер но уште подобра личност. Едноставно е убаво да го гледаш како се смее и како шири позитивна енергија. Ќе се обидеме да се сконцентрираме и да одиграме за него“ – изјави данскиот селектор.

 

 

ПретходноЧешмеџиев пристигнува на Чаир
СледноЏиџи Буфон оваа недела се враќа во Парма