Данскиот играч за врска Кристијан Ериксен испрати порака до навивачите од болницата во Копенхаген, каде што беше сместен по ужасниот инцидент што го доживеа за време на мечот со Финска на Еуро 2020.
29-годишниот фудбалер само поради брзата интервенција на лекарскиот тим се спаси од вистински ужас. Првичните информации се дека Ериксен доживеал срцев удар, но потребни се дополнителни испитувања за да се утврди што точно го предизвикало неговиот колапс.
„Ви благодарам, нема да се предадам. Сега се чувствувам подобро, но сакам да знам што ми се случи. Сакам да изразам голема благодарност до сите за она што го направија за мене“, му рекол Ериксен на својот менаџер, кој ја даде официјалната изјава за медиумите.