ЕУРО 2020: Шкотските навивачи ја носат селекцијата кон победа над Чешка

136

Во Глазгов денеска во 15 часот, се игра првиот натпревар од денешната програма. Во групата „Д“ помеѓу Шкотска и Чешка. Шкотска можеби ќе биде во мала предност што ќе игра како домаќин, а поради ковид пандемијата, чешки навивачи речиси и ќе нема на трибините на „Хемпден парк“.

Меѓутоа ова ќе биде важен дуел во битката за второто место на табелата. Овие две селекции заедно со Хрватска ќе бидат во борба за пласман во следната фаза, откако се знае дека фаворитот е Англија.

Едрју Робертсон, играчот на Шкотска пред денешниот меч вели дека и покрај тоа што играат дома, имаат тежок противник.

„Играме дома, но не чека еден тежок натпревар. Се може да се случи. Мораме да ги респектираме затоа што имаат добри играчи, но ќе се обидеме да ги сопреме. Ако сакаме да ги победиме, ќе мора да дадеме се од себе“, рече Робертсон. 

Селекторот на чешка Томас Шилхави пред пресметката предноста ја дава на Шкотска само поради домашниот терен.

„Тие имаат предност со играњето дома. Знаеме дека шкотските навивачи се „гладни“ за фудбал. Шкотска ќе биде многу мотивирана. Атмосферата влијае на сите фудбалери, но предноста ќе биде на нивна страна“, вели Шилхави. 

ПретходноЈокиќ: Сакав да го променам ритамот на мечот, затоа направив груб прекршок (ВИДЕО)
СледноТрајковски: Оваа Македонија никогаш нема да се предаде, со Украина ни е клучен меч