НБА-атракции во изведба на Димитријевиќ спакувани во две минути (ВИДЕО)

197

Ненад Димитријевиќ од следната сезона треба да го гледаме како член на Валенсија. Најдобриот македонски репрезентативец го напушта Хувентуд, тимот каде созреа како играч. Дојде на само 14 години од Јуниор Скопје и почна успешно да ја пишува својата интернационална кариера.

Во последните две години, Нено прерасна во вистински лидер, секој меч воодушевува со своите игри. Хувентуд по завршување на сезоната се обиде во две минути да го скоцка најдоброто од нашиот кошаркар.

ПретходноШкупи со „полесна“ задача, Силекс може да се падне со Фехервар на Муслиу, Струга може да налета на Спартак
СледноЕкс-играчот на Интер, Маикон потпиша за Тре Пене од Сан Марино