Голманот Адриан го продолжи договорот со Ливерпул на уште две години. На Шпанецот му истекуваше договорот на крајот на јуни, но клубот реши да му понуди нов кој го прифати. Инаку за 34-годишниот Адриан имаше интерес од некои шпански клубови но тој одлучи да остане на „Енфилд“ па и како резерва на Алисон Бекер, а во борба со Каомин Келехер за втора опција на Јирген Клоп.
Адриан му се приклучи на Ливерпул од Вест Хем во август 2019 година.