За време на четвртиот натпревар од полуфиналето на Истокот меѓу Бруклин и Милвоки, Кајри Ирвинг се повреди.
Тоа може да биде голем проблем за Бруклин, кој влезе во четвртиот натпревар со водство од 2:1, но загуби и сега серијата се врати на егал – 2:2.
Ирвинг имаше извртен скочен зглоб. Според првите вести се стравува дека станува збор за повреда што ќе означи крај на сезоната за Ирвинг.