Далиќ кон новинарите: Дали ако го објавите составот ќе добиете поголема плата?

259

Балканска работа. Кога му одеше добро, кога стигна до финалето на СП во Русија пред три години, тогаш на Златко Далиќ, селекторот на “коцкестите“, медиумите и хрватските новинари му беа супер, немаше никаква замерка. Сега откако неговите избраници загубија од Англија во една очајна игра сите му се виновни, па почна да се расправа со новинарите и да ги обвинува за тоа дека тие го објавувале стартниот состав пред натпреварите.

Јас не можам да сфатам. Дали ако го објавите составот ќе добиете поголема плата? Па, јас не го знам составот утрото на денот на натпреварот, а вие го знаете, нели, и го ставате во весници уште два дена претходно. Понатаму пишувате дека Далиќ прави изненадување со Ребиќ во нападот, а претходно веќе сте го објавиле. Немаме мир и спокојство, ми правите проблеми“ посочи селекторот на Хрватска.

ПретходноЛевандовски и Полска на колена, Словаците со триумф и три бода! (ВИДЕО)
СледноАдриан стави потпис на нов договор со Ливерпул