Добра вест за Холандија пред дуелите со Австрија и Македонија

491

Холандија во следните два меча во нашата група ќе биде посилна за Матијс де Лихт. Младиот играч денеска го одработи целиот тренинг со својата репрезентација, па според информациите кои доаѓаат, тој ќе биде подготвен за дуелите со Австрија (17. јуни) и против Македонија (21. јуни).

Де Лихт не беше во составот на Холандија на мечот со Украина, кој заврши во корист на „лалиањата“ со 3-2. Но, селекторот Франк де Бур ќе може да смета на неговите услуги во продолжение на ЕУРО.

ПретходноШеваљевиќ се сели во Франција
СледноМатвиенко: Мораме да победиме против Македонија, респект за Пандев!