Екс-играчот на Интер, Маикон потпиша за Тре Пене од Сан Марино

372

Поранешниот бек на Интер, Даглас Маикон е нов играч на Тре Пене од Сан Марино. 39-годишниот поранешен бразилски репрезентативец го засили тимот од Сан Марино за мечевите од Лигата на конференциите.

Претходната сезона Маикон играше за италијанскиот четвртолигаш Соне.

Toj беше дел од онаа фантастична генерација на Интер која освои четири едноподруго шампионски титули во Италија (од 2006 до 2010) вклучувајќи ја и тројната круна во 2010 година (Скудето, Купот на Италија и ЛШ).

ПретходноНБА-атракции во изведба на Димитријевиќ спакувани во две минути (ВИДЕО)
СледноКристијан Костовски си замина од Тиквеш