Ериксен со прва изјава од болницата во Копенхаген

763

Данскиот играч за врска Кристијан Ериксен испрати порака до навивачите од болницата во Копенхаген, каде што беше сместен по ужасниот инцидент што го доживеа за време на мечот со Финска на Еуро 2020.

29-годишниот фудбалер само поради брзата интервенција на лекарскиот тим се спаси од вистински ужас. Првичните информации се дека Ериксен доживеал срцев удар, но потребни се дополнителни испитувања за да се утврди што точно го предизвикало неговиот колапс.

 „Ви благодарам, нема да се предадам. Сега се чувствувам подобро, но сакам да знам што ми се случи. Сакам да изразам голема благодарност до сите за она што го направија за мене“, му рекол Ериксен на својот менаџер, кој ја даде официјалната изјава за медиумите.

ПретходноШпанка возела со фрактура на ‘рбетниот столб и победила на релито во Казахстан!?
Следно„Метла“ за Денвер, Јокиќ ги загуби нервите (ВИДЕО)