ЕУРО 2020: Шпанија – Шведска, првиот тест на ЕП за момците на Луис Енрике!

84

Со мечот од групата Е меѓу Шпанија и Шведска, вечерва во 21 часот, завршува и денешниот натпреварувачки ден од ЕУРО 2020. На стадинот “Ла Картуха“ во Севилја, четата на Луис Енрике, кои се едни од фаворитите за освојување на првенството, токму против Шведска ќе го има првиот тест на ЕП. По кој ќе видиме дали и колку е моќна “фуријата“ да го повтори успехот од 2008 и 2012 година, кога така моќно во два наврати го освојуваше првото место на континенталното фудбалско репрезентативно натпреварување.

Факт е дека во текот на подготовките и едната и другата репрезентација си имаа проблеми поради повреди и коронавирусот. Короната посебно правеше

проблеми во таборот на Шпанија, постоеше опасност Енрике да игра дури и со младата репрезентација. Но сега работите се поправија.

Кај Шведска до последно се чекаше на Златан Ибрахимовиќ, а проблеми има и Дејан Кулушевски.

Во секој случај вечерва очекуваме добар фудбал од овие две селекции.

ПретходноПоинаква попладневна тренинг сесија на “рисовите“ (ФОТО)
СледноШеваљевиќ се сели во Франција