Иако мислевме дека сме на пат да ја победиме короната, се чини дека таа не се дава така лесно, посебно не во Русија. Имено во Санкт Петербург, каде се играат голем дел од мечевите на ова ЕУРО 2020, се зголеми бројот на позитивни. Тоа му задава големи проблеми на организаторот. Посебно ако се знае дека на “Крестовски“ стадионот во Санкт Петербург, посетата е доста голема, бројката на дозволен капацитет е голем.
Токму затоа се предлага локалите, малите продавнички и продажните места во и околу стадионот да бидат затворени, барем во време на одигрување на мечевите. Се со цел заразата да не добие поголеми размери. Исто така се размислува и намалување на бројот на фановите кои можат да ги следат настаните на “Крестовски“ во Санкт Петербург.