Левандовски и Полска на колена, Словаците со триумф и три бода! (ВИДЕО)

149

Иако важеше за фаворит на соседското дерби со Словачка, во меч од групата Е, сепак Полска загуби на стадионот “Крестовски“ во Санкт Петербург. И покрај големата желба за стартна победа на ова ЕУРО 2020, Левандовски и другарите доживеја пораз од 2:1.

Се играше 18.минута кога полскиот голман Шчесни си даде автогол за еуфорија кај Словаците. Полска израмни во 46.минута, само што започна вториот дел Линети израмни на 1:1. И тогаш на сцена стапи Шкрињар, стоперот на Интер кој во 69.минута по асистенцијата на Хамшик, успеа да стрела во мрежата за 2:1, за голема победа и три бода во групата.

Бадијала беа напорите на репрезентацијата на Полска барем да го избегне поразот, Левандовски имаше и шанса во 90+2 минута, но сепак резултатот од 2:1 за Словачка се покажа како конечен.

ПретходноФФМ бара најстрога казна за Марко Арнаутовиќ
СледноДалиќ кон новинарите: Дали ако го објавите составот ќе добиете поголема плата?