Што нема да видиш на трибините кога станува збор за Македонските фанови, за „фалангата“.
Е, сега дали навистина Тимо Вернер во дресот на Македонија вчера од трибините на Арената во Букурешт, навиваше за нашата репрезентација, и не сме баш сигурни.
А дека беше лудо, дека забавата беше навистина луда тука нема дилеми.
Инаку Тимо Вернер стана “Македонец“ по оној меч во Дизелдорф на 31 март кога на 1:1 успеа да промаши зицер, па така ни „помогна“ да ја урнеме неговата Германија.
По тој меч имаше барање од нашите фанови да му се даде државјанство, пасош, го „имаше“ и на Панини сликичките, се разбира во шеговита конотација.
Тимо Вернер, Македонецот…