Капитенот на Македонската репрезентација до 21. година, Марко Ѓоргиевски е нов играч на тимот на Шкупи.
Досегашниот играч на Вождовац, се сели на Чаир, со оглед на фактот што не доби шанса во Србија, сега одново се враќа во мак фудбалот.
Тој е дете на Вардар, а потоа мина одреден период во Борец, од каде што и замина во Вождовац.
Со Ѓоргиевски Шкупи добива сериозен напаѓач, кој е гладен за голови и докажување и кој со сигурност ќе направи разлика во периодот кој следува. Ќе биде достојна замена за оние кои досега беа главни во нападот на Шкупи, а сега повеќе не се на Чаир.
Ѓоргиевски е предводникот на новата У21 генерација која ќе ги игра следните квалификации.