Зинедин Зидан на крајот на оваа сезона го напушти Реал Мадрид откако не освои ниту еден трофеј.
Неколку дена по разделбата, францускиот стратег испрати писмо до фановите дека повеќе не чувтвува поддршка од раководството на клубот.
Во текот на овој викенд Зидан додека шетал со своето семејство бил „начекан“ од новинари, кои веднаш почнале да го распрашуваат. Но, едно прашање го извади од кожа легендарниот фудбалер, кој на крајот сакал и да се пресмета.
„Се уште поставуваш глупави прашања како и претходно? Твојата работа е срамна. Со тебе секогаш е исто. Ме знаеш, те знам. Ајде дојди да зборуваме без камери“, е пораката на Зидан.
🙄 A Zidane siguen sin gustarle las preguntas de @SQuirante…
#⃣ #DirectoGolEuro pic.twitter.com/7Bx6TspQFB
— DirectoGol (@DirectoGol) June 13, 2021