Поинаква попладневна тренинг сесија на “рисовите“ (ФОТО)

602

Попладнево во Букурешт, дел од нашите репрезентативци имаат тренинг под водство на стручниот штаб. Тренингот го одработија оние играчи кои вчера против Австрија не добија шанса за настап, но и оние кои влегоа од клупата. Секако дека ова е добро со цел да се задржи ритамот кај сите играчи.

Познато е, вчера на дебито Македонија загуби од Австрија, но оптимизмот и добрата атмосфера ни малку не се намалени.

Се верува дека против Украина резултатски ќе минеме многу подобро.

ПретходноЕХФ го објави дрим-тимот на Ф4, нема ниту еден играч на ПСЖ (ВИДЕО)
СледноЕУРО 2020: Шпанија – Шведска, првиот тест на ЕП за момците на Луис Енрике!