Роналдо: Уште една европска титула со Португалија ми е поважна од било кој рекорд!

197

Утре ќе ја видиме и Португалија на дело. Европскиот првак од 2016 за противник во 1. коло ја има селекцијата на Унгарија. Јасно е дека Португалците се фаворити, но тоа ќе мора да го покажат на терен. На денешната прес-конференција зборуваше Кристијано Роналдо кој посакува уште една европска титула.

Би ги менувал сите мои рекорди за уште една европска титула со Португалија. Добро сме подготвени што е многу важно на ваквите натпреварувања. Утре играме против цврста екипа и ќе имаат поддршка од публиката. Сакаме да тргнеме со победа. Фокусирани сме и мислам дека можеме до трите бода“, вели Роналдо кој даде коментар за КОВИД-19 и принудната замена на Жоао Кансело.

Не смееме да мислиме на тоа, туку да го држиме фокусот на фудбалот и на натпреварите. Жоао беше позитивен, но не сме загрижени. Имаме други фудбалери. Не зборуваме за Ковид-19 затоа што тоа е тема која сите нѐ изморува. Поважно е позитивно да мислиме и да влеземе во добар ритам на првенството“, додаде играчот на Јувентус.

Мечот Унгарија-Португалија се игра утре од 18 часот во Будимпешта.

ПретходноКристијан Костовски си замина од Тиквеш
СледноШахтјор купи крило на Бенфика за 18 милиони евра!