Роналдо: Не ми е важно дали ќе останам или ќе си одам од Јувентус!

367

Репрезентацијата на Португалија на ЕУРО 2020 ја брани титулата. Овој тим е фаворит и на ова континентално натпреварување, многумина веруваат дека ова е последно ЕП за Кристијано Роналдо, кој сигурно ќе биде максимално мотивиран.

Ѕвездата на португалската репрезентација се појави на прес-конференција пред мечот со Унгарија. Новинарите беа љубопитни, ги интересираше дали ќе остане во Јувентус.

Иако не беше распложен да зборува за оваа тема, сепак даде краток одговор.

„Играм на врвно ниво веќе 18 години, но тоа не ми претставува некаков проблем. Да имав 18 или 19 години сигурно немаше да спијам од возбуда околу својата иднина. Сега ситуацијата е поинаква. Имам 36 години и не ми е важно дали ќе останам или ќе го напуштам Јувентус“, им одговори Роналдо, кој додаде:

„Што и да се случи ќе биде најдобро за двете страни. Сега сум фокусиран само ан ЕУРО сакаме да го освоиме. Оптимисти сме и сакам само позитивно да размислуваме од првиот до последниот меч“.

ПретходноСКАНДАЛ: Првиот човек на ФИБА под истрага поради сексуално вознемирање
СледноФонсека најдоцна на 72 часа ќе стане нов менаџер на Тотенхем