Деби со пораз од Австрија (3:1), за Македонија на ЕП. Нтапревар по кој имаме многу “илјада зошто, илјада затоа“. Пораз кој треба да се заборави иако постојат многу причини за гнев и жалење. Тие полишанси и прилики на 1:1 ни дадоа ни надеж но грешките во финишот ги плативме со два евтини гола. Австрија како Австрја но многу тензии на теренот, многу нервоза…! Вио центарот на вниманието е дуелот на Џани Алиоски со Марко Арнаутовиќ. Стари нерасчистени сметки или нешто ново.
И нее тоа толку битно затоа што натпреварот помина треба да помине и нервозата, Кој кому што му кажа!? Арнаутовиќ е тој кој пцуел а вратил и Алиоски. Победникот е Арнаутовиќ затоа што освоуи три бода, даде гол и затоа бесот и нервозата кај нашио Алиоски е уште поголема. Совет до Џани да го заборави сето тоа (иако некои работи не се забораваат), и да се фокусира на Украина. Џани нека го остави Арнаутовиќ да се „пали“.
Тој и така е тоа што е – провокатор кој знае да ја дотера водата на своја воденица кога ќе му се вклопат сите коцки а тие му се вклопија вчера о Букурешт. „За да се стигне до поволен резултат на натпревар на ЕП не се доволни само добри 70 минути. Супер игравме но примивме два гола во финишот кои го расипаа впечатокот. Одиме напред, сега треба да мислиме само на Украина. Имаме нула бодови но и уште два меча“, напомена Џани Алиоски по средбата со Австрија.