Шахтјор купи крило на Бенфика за 18 милиони евра!

315

Украинскиот вицепрвак Шахтјор Доњецк се пофали со новиот десен крилен фудбалер Педрињо кој дојде од екипата на Бенфика. „Рударите“ за овој фудбалер платија 18 милиони евра што е втор највисок трансфер во историјата на клубот по оној на Бернард од 2013 година кој дојде од Атлетико Минеиро за 25 милиони евра.

Педрињо стави потпис на петгодишен договор и тој ќе биде 11-тиот Бразилец во екипата од Доњецк.

Педрињо одигра една сезона за Бенфика во која запиша само 19 настапи во португалската лига, а пред тоа три сезони ги бранеше боите на Коринтијанс. Играл за Бразил У23.

ПретходноРоналдо: Уште една европска титула со Португалија ми е поважна од било кој рекорд!
СледноШпанците се изнапромашија, Швеѓаните oсвоија бод во Севиља