Шкупи со „полесна“ задача, Силекс може да се падне со Фехервар на Муслиу, Струга може да налета на Спартак

583

Познати се можните ривали на другите наши учесници во Европа, Струга ТЉ, Силекс и Шкупи во Конференциската лига. Шкупи е носител и за ривал во 1. квалификациско коло ќе добие еден од Сфинтул Џорџ од Молдавија, Динамо Батуми од Грузија, Љапи од Косово и Урарту од Ерменија.

Дебитантот Струга Трим Љум е неносител и за ривал ќе добие една од овие екипи: Рунавик од Фарски Острови, Липаја од Летонија, Спартак Трнава од Словачка, Дандалк од Ирска и Бридаблик од Исланд.

Силекс исто така е неносител, а најсилен ривал во оваа група е унгарски Фехервар за кого игра македонскиот репрезентативец Висар Муслиу. Покрај унгарскиот тим, можни ривали се Сутјеска од Црна Гора, Петрокуб од Молдавија, Широки Бријег од БиХ.

Ждрепката е утре во 13:00 часот.

ПретходноПознати можните противници на Шкендија во квалификациите од ЛШ!
СледноНБА-атракции во изведба на Димитријевиќ спакувани во две минути (ВИДЕО)