Шпанка возела со фрактура на ‘рбетниот столб и победила на релито во Казахстан!?

184

Шпанската автомобилистка Кристина Гутиерез, победи на третата етапа од релито на Казахстан, иско возеше цела етапа со фрактура на ‘рбетниот столб.

„Инцидентот се случи на 18 километри од патеката, па Кристина возеше 249 километри со скршеница на двојната компресија на ‘рбетот. Многу сме среќни како настапи, но многу сме загрижени за повредата што ја заработи. Се надевам на најдоброто, и дека може безбедно да си оди дома за неколку дена. Сè уште немаме подетални информации за нејзината состојба, но во моментот прогнозата е позитивна“, изјавил шефот на тимот на Тојота, Жан-Марк Фортен.

ПретходноУкраина магично се врати по 0:2, па Думфрис погоди за победа на Холандија (видео)
СледноЕриксен со прва изјава од болницата во Копенхаген