Шпанците се изнапромашија, Швеѓаните oсвоија бод во Севиља

220

Шпанија и Шведска одиграа без голови во 1. коло од групата Е на Европското првенство. Мечот се одигра на „Ла Картуха“ во Севиља, а шпанскиот национален тим иако доминираше не успеа да го освои целиот плен. Швеѓаните не само што имаа добра дефанзива, туку на голот го имаа и расположениот Робин Олсен кој им „скина“ неколку зицери на шпанските фудбалери.

Во првото полувреме ги одбрани ударите на Мората и Љоренте, потоа и на Дани Олмо, а можеби најдобрите моменти ги имаше во последните минути кога ги одбрани ударите на Морено и на Сарабија.

Но и Шведска имаше свои моменти. Во првото полувреме Исак имаше прекрасна можност, a неговиот удар го изблокира Љоренте, потоа и Маркус Берг промаши од неколку метри.

Така Шведска и Шпанија ги поделија бодовите. Од оваа група Словачка ја совлада Полска со 2:1 и е прва на табелата.

ФОТО: Twitter

ПретходноШахтјор купи крило на Бенфика за 18 милиони евра!
СледноАтланта и Клиперси израмнија на 2:2