Џиџи Буфон оваа недела се враќа во Парма

329

1Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон оваа недела ќе потпише договор со Парма. Новинарот Николо Шира потврди дека договорот со 43-годишниот голман ќе трае до 2023 година.

За потсетување, Буфон стана играч на Јувентус во јули 2001 година, откако се пресели од италијанска Парма за 52,8 милиони евра. 17 години подоцна, тој го напушта италијанскиот клуб, заминувајќи во француски ПСЖ како слободен агент, но подоцна во сезоната Буфон се врати во Торино.

43-годишниот италијански голман го напушти Јувентус на крајот на сезоната 2020/2021 и е слободен агент.

ПретходноЕриксен до соиграчите: Изгледате полошо од мене, можам сега да почнам да тренирам
СледноАнес Османовски во Работнички