Копа Америка 2021: Бразил тргна фуриозно, Колумбија минимално против Еквадор (ВИДЕО)

343

Бразил ја победи Венецуела со 3:0 во воведниот натпревар на Копа Америка. Составот на Венецуела беше сериозно променет откако 12 члена на делегацијата имаа позитивни тестови за Ковид-19 пред почетокот на настанот.

Сите се асимптоматски и се изолирани во посебни простории и ќе бидат под медицински надзор. Головите за Бразил ги постигнаа Маркињос, Нејмар и Габриел Барбоса.

Во вториот меч на стартот на првенството на Јужна Америка, Колумбија го победи Еквадор со 1-0, иако и тие имаат позитивни на Ковид-19, но само двајца. Победничкиот гол за Колумбија беше дело на Кардона во 42. минута.

Претходно„Метла“ за Денвер, Јокиќ ги загуби нервите (ВИДЕО)
СледноУкраинците повторија антирекорд на поранешна Југославија