ЕХФ го објави и Ол-стар тимот на фајнл-фор завршницата во Келн. Круната оваа сезона и припадна на Барселона, па токму затоа дрим-тимот го сочинуваат дури четворица ракометари на каталонскиот гигант.
Гонзало Перез де Варгас е број еден голман, друштво му прават Алекс Гомез (десно крило), Лука Циндриќ (централен бек) и Лудовик Фабрегас (пикер). Има двајца ракометари на Алборг, кој испиша историја со пласманот на Ф4. Станува збор за Феликс Клаар (лев бек) и Лукас Сандел (десен бек), последното место му припадна на Валеро Ривера (лево крило).
Од сите учесници на Ф4, во идеалниот тим нема место за ПСЖ, кој одново потфрли и не успеа да се најде во финалето, на крајот мораше да се задоволи со бронза.