„Метла“ за Денвер, Јокиќ ги загуби нервите (ВИДЕО)

534

Во НБА досега не се случило тим кој губел со 3:0 во плејофот, да победи на четири последователни меча за пласман во следната фаза, па не се случи ниту на пресметката меѓу Феникс и Денвер. Те синоќа загубија од Феникс и на четвртиот меч, овој пат со 118-125 од Феникс и го завршија својот настап во втората рунда од плејофот.

Натпреварот во третата четвртина го одбележа сериозен фаул на Никола Јокиќ и затоа беше исклучен од натпреварот.

„Сакав да го сменам ритамот на играта и да ни дадам енергија. Затоа, се обидов да направам груб прекршок“, изјави српскиот кошаркар по натпреварот.

Кај Феникс Санс, Крис Пол и Девин Букер повторно блескаа. Кошаркарите на Денвер на никаков начин не беа во можност да ги запрат. Пол постигна 37 поени, додека Букер застана на 34 поени.

Кошаркарите на Милвоки го совладаа Бруклин со 109:96 вторпат по ред во четвртиот натпревар од полуфиналето на домашен терен и успеаја да израмнат на 2:2 во серијата.

ПретходноЕриксен со прва изјава од болницата во Копенхаген
СледноКопа Америка 2021: Бразил тргна фуриозно, Колумбија минимално против Еквадор (ВИДЕО)