Ненад Димитријевиќ од следната сезона треба да го гледаме како член на Валенсија. Најдобриот македонски репрезентативец го напушта Хувентуд, тимот каде созреа како играч. Дојде на само 14 години од Јуниор Скопје и почна успешно да ја пишува својата интернационална кариера.
Во последните две години, Нено прерасна во вистински лидер, секој меч воодушевува со своите игри. Хувентуд по завршување на сезоната се обиде во две минути да го скоцка најдоброто од нашиот кошаркар.