Попладнево во Букурешт, дел од нашите репрезентативци имаат тренинг под водство на стручниот штаб. Тренингот го одработија оние играчи кои вчера против Австрија не добија шанса за настап, но и оние кои влегоа од клупата. Секако дека ова е добро со цел да се задржи ритамот кај сите играчи.
Познато е, вчера на дебито Македонија загуби од Австрија, но оптимизмот и добрата атмосфера ни малку не се намалени.
Се верува дека против Украина резултатски ќе минеме многу подобро.