Ристевски: Момците добро одиграа, требаше во финишот да бидеме похрабри

317

Кире Ристевски вчерашниот меч го проследи од клупата. Тој не доби шанса да настапи на мечот со Австрија, но се надева дека ќе добие прилика на следните два дуели.

Ристевски го коментираше натпреварот вчера, и рече дека иако од клупата, го дочекал со многу емоции.

„Се наежив кога ја пеевме химната, имаше емоции кај мене. Така одлучи селекторот, да бидам на клупата. Дечките добро одиграа, јас бев подготвен да одговорам доколку ме ставеше селекторот. Штета што загуивме, одигравме добар меч, се надеваме дека на следниот меч ќе бидеме подобри и ќе оствариме подобар резултат“, рече Ристевски. 

Дефанзивецот вели дека Австрија играла агресивно, но и дека Македонија мора да игра на такви натпревари. Тој очекува и со Украина ист натпревар и агресивна игра од противникот.

„Австрија играше агресивно, не ни одговоара можеби најмногу нивната игра, но мора да се носиме со такви противници. Мислам дека сличен натпревар беше и овој како и претходните два. Требаше да се покажеме во подобро издание, похрабро да ги одиграме тие завршни моменти. Што се однесува до Украина ќе влеземе 100%, овие навивачи заслужуваат победа, да ги израдуваме нив. Не ги анализиравме многу, мислам дека ќе биде сличен натпревар, ќе биде агресивен тим, и ќе сакаат да наметнат темпо. Следуваат анализи и подготовка за овој меч, ќе видиме какво размислува селекторот, во тоа не навлегувам, мислам дека мечот ќе биде сличен со Австрија, и мораме да бидеме подготвени за таа агресивност и за борба“, рече Ристевски. 

ПретходноТрајковски: Оваа Македонија никогаш нема да се предаде, со Украина ни е клучен меч
СледноЛудило: И Тимо Вернер навиваше за Македонија! (ФОТО)