Прилеп продолжува со градењето на тимот за Супер-лигата. Откако ги продолжи договорите со Чантурија и Шокоски, денеска потпиша ново име.
Станува збор за Христијан Милошевски. Прилепчанецот ќе биде првото засилување на тимот за сезоната која претстои.
Милошески доаѓа од екипата на Бутел Скопје и ќе ја засили левата бековска позиција на Прилеп.